Обвинителство објаснува: Кривичната против Ковачевски не е отфрлена

 

Јавното обвинителство веќе извести дека кривичната пријава за наведените лица не е отфрлена, се вели во информиацијата која Основното јавно обвинителство ја сподели со медиумите.
„Основното јавно обвинителство Скопје во овој предмет постапуваше по поднесени кривични пријави и од Министерството за внатрешни работи и од Управата за финансиска полиција. По сите преземени дејствија од сите надлежни институции во конкретниот случај до овој момент се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека наведените шест лица презеле дејствија со кои исполнуваат обележја на кривичните дела за кои беше поведена постапка. За останатите наводи од пријавите проверките продолжуваат. Напоменуваме двете лица што ги наведувате се пријавени за сосема друг временски период и за други дејствија, а на седницата на 06.06.2023 година кога точка на дневен ред била наведената одлука претседавал единствено сега осомничениот.“ - се вели во соопштението.

МВР вчера соопшти дека поднеле кривична и против Ковачевски и поранешниот генерален секретар на Владата

17.12.2024 - 13:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега