Обвинител врши увид на местото на сообраќајката на автопатот Скопје – Велес
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес, информира ЈОРМ.
На местото на несреќата е повикан и сообраќаен вештак за утврдување на причините.
Според ЈОРМ, се преземаат увидни дејствија, а јавниот обвинител ќе ги издаде сите потребни наредби за вештачења.
Во сообраќајката што се случи попладнево на автопатот Скопје – Велес загинаа три лица, а пет се повредени. како што изјавија од МВР за МИА, несреќата е пријавена во 17.45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот, се превртело комбе.
Според АМСМ, поради сообраќајката се блокирани двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје – Велес. Сообраќајот е во прекин од 17.45 часот и се пренасочува преку Петровец – Велес (по стариот пат), Миладиновци – Св.Николе – Велес – Штип.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа