Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски по повод 23 Октомври: Наша обврска е да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава
    • Марта Кос на средбата со Сали: Направете уставни измени за да влезете во ЕУ
    • Мајкрософт создава AI доктор?
    • Путин ги отвори картите: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
    • Падна одлука: Забрана за социјални медиуми за деца под 15 години во Грција
    • Министерот за правда оствари средба со Варнс: Во фокус кривичното законодавство и дигитализацијата
    • Драма во Куманово: Нападнале и ограбиле постар маж, па го носеле во финансиско друштво да вади брз кредит
    • Гаши го честиташе празникот: Овој датум не потсетува на истрајноста и сопствената државност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОЈО: Поднесено обвинение за осум лица за штета од над 507 милиони денари во Државна лотарија

    ОЈО: Поднесено обвинение за осум лица за штета од над 507 милиони денари во Државна лотарија

    13.08.2026 во 14:514 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно 8 лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

    Обвинетите, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија во значителна вредност од 507.632.173 денари.

    Тие биле свесни дека Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија немало право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државава, бидејќи во 2013 година го вложило тоа право како непаричен влог со вредност од 6.244.898 евра при основањето на Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија-КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, за што се стекнало со удел во висина од 51% од основната главнина на друштвото.

    И покрај тоа, првиот обвинет генерален директор и претседател на Управниот одбор на “Државна лотарија” на 09.05.2023 година, до третиот обвинет – Генерален секретар на Владата на РСМ доставил Информација за потребата од преземање активности за самостојно приредување на електронските игри на среќа. Во информацијата со предлог заклучоци навел дека вредноста на набавката изнесува 42% од сметководствената вредност на имотот на друштвото, определена врз основа на последните финансиски извештаи на друштвото и како таква ќе претставува голема зделка, а нејзиното одобрување е во надлежност на надзорниот одбор на друштвото.

    Генералниот секретар на 06.06.2023 година ја предложил оваа информација како дополнување на точка на дневен ред на владина седница, со што постапил спротивно на чл.119 ст.2 од Деловникот за работа на Влада на РСМ и не ја вратил информацијата до подносителот односно не ја препратил до надлежниот орган.

    Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Република Северна Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво.

    Доставената информација била усвоена и Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија било задолжено да ги преземе потребните активности за започнување на самостојно приредување на електронски игри на среќа и спроведување на јавна набавка на видеолотариски терминали.

    Останатите обвинети, претседател и членови на Надзорниот одбор, иако знаеле дека законската процедура не е испочитувана, донеле одлука со која го одобриле отпочнувањето на постапката за јавна набавка на видеолотариски терминали за приредување електронски игри на среќа како голема зделка. Јавната набавка се реализирала и биле преземени обврски за исплата со кои на АД Државна лотарија била нанесена штета во наведениот износ.

    Имајќи предвид дека првиот обвинет сè уште е недостапен на органите на прогон, односно тој е во бегство, не е пронајден и лишен од слобода речиси една година, јавниот обвинител за него побара да му биде определена мерка притвор од пронаоѓање во траење од 30 дена.

    За вториот обвинет предложено е продолжување на претходно определената мерка куќен притвор, која му е определена заедно со мерката на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.

    Надлежниот јавен обвинител предложи и за останатите обвинети да бидат определени мерки на претпазливост – обврска да се јавуваат повремено во Судот, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

    Прочитај повеќе

    Муцунски по повод 23 Октомври: Наша обврска е да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава

    23.10.2026 во 12:52

    Марта Кос на средбата со Сали: Направете уставни измени за да влезете во ЕУ

    23.10.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.