Close Menu
    Најново

    Облекувајте се топло: Утрово минусни температури – вистинска смрзнувачка

    12.01.2026 во 08:24

    Земјотрес ја стресе Македонија

    12.01.2026 во 08:21

    Таравари очекува мирни избори: Граѓаните ќе решат кој ќе раководи со Гостивар

    11.01.2026 во 19:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Облекувајте се топло: Утрово минусни температури – вистинска смрзнувачка
    • Земјотрес ја стресе Македонија
    • Таравари очекува мирни избори: Граѓаните ќе решат кој ќе раководи со Гостивар
    • Нетанјаху: Кога режимот во Техеран ќе падне, Израел и Иран повторно ќе станат партнери
    • Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
    • Стејт департментот им препорача на Американците во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата
    • Зимски маки: Што да правите ако ви замрзне бравата и како да го спречите тоа?
    • Трамп со ултиматум до Хавана: „Склучете договор пред да биде предоцна“ – прекинат дотокот на нафта од Венецуела
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Облекувајте се топло: Утрово минусни температури – вистинска смрзнувачка

    Облекувајте се топло: Утрово минусни температури – вистинска смрзнувачка

    12.01.2026 во 08:24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со сончеви периоди, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа, особено долж Повардарието и во источните делови, повремено ќе биде засилен и ќе надминува 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Минималните утрински температури ќе се движат од –13 до –5 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе бидат во интервал од –4 до 3 степени.

    Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во претпладневните часови во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до –9 степени, а максималната ќе достигне до 2 степени.

    Според прогнозата на УХМР, во наредниот период следува стабилно и суво време, но со студени утра и негативни утрински температури насекаде во земјава. Во вторник, наместа дневните температури ќе останат под нулата, додека од среда се очекува нивно постепено зголемување. Од средината на седмицата, по котлините ќе има услови за појава на магла.

    Популарно

    Тошковски оддаде почит: 26 години од убиството на полицајците кај Арачиново

    11.01.2026 во 13:54

    МВР: Изборите во Гостивар и Охрид течат мирно, досега без ниту еден инцидент

    11.01.2026 во 13:47

    Се сруши приватен авион – загина познат пејач

    11.01.2026 во 10:08

    Нападнала полицаец пред ПС Автокоманда, приведена скопјанка

    11.01.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.