Close Menu
Press24
    Најново

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Објавена е мапа: Ова се најкритичните места во Грција каде живее рибата-зајак

    Објавена е мапа: Ова се најкритичните места во Грција каде живее рибата-зајак

    09.07.2026 во 14:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Отровната риба-зајак почнала да се појавува во водите на Грција околу 2003 година, но летово нејзиниот број е драстично зголемен. Грчките медиуми почнаа да споделуваат интерактивна мапа на која се одбележани места на кои се појавувала рибата низ годините. Иако податоците не се од оваа година, мапата покажува каде постои поголем ризик рибата да се појави и годинава.

    Отровната „риба-зајак“ летово им создава проблеми на Грците, но и туристите во Грција откако почна да се појавува во грчките мориња. Оваа риба живее во тропските води на Индискиот и Тихиот Океан, но во изминатите неколку години се проширила и на западниот дел од Медитеранот.

    Од 2003 година, рибата почнала да се појавува во Медитеранското Море и Егејското Море, а како што споделуваат грчките медиуми, мигрирала од Црвеното Море преку Суецкиот Канал. Досега е забележана на брегот на Израел, на јужниот дел од Турција, Кипар, како и Грција.

    Сега, пак, Грчката мрежа за инвазивни водни видови (позната како ELNAIS) сподели интерактивна мапа која покажува на кои места во Грција била забележана рибата изминативе години.

    „Важно е да се нагласи дека мапата содржи информации од 2005 година, па сè до 2021 година. Мапата не покажува каде е забележана рибата годинава, туку каде се има појавувано, а со тоа и каде би можела да се појави повторно.“

    На неа се одбележани местата каде што рибата е уловена, фотографирана или идентификувана од рибари, научници и граѓани.

    Интерактивната мапа можете да ја видите ТУКА.

    Прочитај повеќе

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.