Обид за убиство во Мала Речица: Со автомоатска пушка пукал кон тетовец

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Б.(31) од с.Ларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи“.

На 01.07.2020 пред угостителски објект во с.Мала Речица, тетовско, настанала физичка пресметка помеѓу пријавениот и М.Ш.(40) од Тетово, по што пријавениот земал автоматска пушка и пред домот на М.Ш. на ул.„Илинденска“ во Тетово испукал неколку куршуми кон него и го погодил во пределот на потколеницата.

По преземени мерки од страна на полициски службеници на 22.07.2020 пријавениот бил пронајден и лишен од слобода и му била одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега