Во пресрет на новогодишните празници, период кога сите сакаме да бидеме поблиску до семејството и пријателите и да споделуваме повеќе моменти, А1 Македонија со огромно задоволство ја претставува својата најнова препејд понуда со која корисниците добиваат уште повеќе интернет и тоа дома и во роаминг – се вели во соопштението кое утрово го испрати компанијата.
Со најновата понуда корисниците добиваат неверојатни 66 GB мобилен интернет, од кои 60 GB за користење во земјата и дополнителни 6 GB за земјите од Балканот, месечна претплата од само 599 денари.
Новата понуда е дизајнирана за да обезбеди повеќе можности за комуникација, поврзување и забава, без ограничувања било дома или при патувања низ регионот. Таа им овозможува на корисниците да уживаат во своите омилени содржини, видео повици и споделување празнични моменти со најблиските, каде и да се наоѓаат.
„Во време кога сите сакаме да бидеме поблиску со оние што ни значат, нашата цел е да им понудиме на корисниците повеќе слобода и сигурност во комуникацијата. Со 66 GB интернет, од кои 6 GB важат и во земјите од Балканот, им овозможуваме да останат поврзани и да споделуваат моменти без грижа за потрошен интернет. Оваа понуда е наш начин да внесеме повеќе вредност и радост во претпразничниот период,“ изјави Елена Панова, директорка на маркетин и дигитална трансформација во А1 Македонија.
Месечниот пакет е достапен по цена од само 599 денари и може да се активира преку аликацијата Мојот А1 или со испраќање на СМС со текст 66GB на бројот 1410.
Повеќе информации можете да најдете на веб страницата www.A1.mk.

