Новогодишната атмосфера во Скопје ќе ја почувствуваме за една седмица: Украсувањето на градот започнува на 10 декември

Од Град Скопје соопштија дека новогодишното украсување на Скопје ќе започне на 10 декември.

„На повикот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, до компаниите да покажат општествена одговорност за време на здравствено-економска и енергетска криза, се јавија компании заинтересирани да помогнат“, истакнуваат од оваа институција.

Ова е време кога, како што додаваат од таму, работите треба да се менуваат.

„Ова е време кога треба да покажеме дека заедно можеме повеќе за нашиот град. На мојот повик се јавија компании кои ја покажаа својата општествена одговорност, а една од нив најави дека ќе го украси градот Скопје за Нова Година без финансиски импликации по градот„ изјави градоначалничката Арсовска по средбата со компанијата Линк Медиа.

Од компанијата најавиле дека со украсување ќе започнат на 10 декември.

„Град Скопје и Линк Медиа спогодбено го раскинаа договорот за новогодишно украсување на Скопје, што беше склучен во месец октомври оваа година“, потенцираат во соопштението од Град Скопје.

 

03.12.2021 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега