Новогодишна донација на Sport Life

Во пресрет на новогодишните празници Sport Life донираше новогодишни пакетчиња во повеќе институции за деца и млади од ранливите категории.

Во текот на минатата и оваа недела претставниците на Sport Life ги посетија: Детскиот дом „11 Октомври“ во Скопје, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Куманово, здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ од Куманово и притоа ги израдуваа со новогодишни пакетчиња.

-Најголема и најважна е радоста и среќата на децата, затоа за новогодишните празници Sport Life својата хумана мисија ја насочи кон децата од ранливите категории, подарувајќи им новогодишни пакетчиња, со желба да им ги разубавиме новогодишните празници и да им посакаме радосно и безгрижно детство. Воедно, во оваа пригода Ви ја честитаме Новата Година и ви посакуваме најубави желби и среќни празници на сите, истакнуваат од Sport Life.

 

30.12.2021 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега