Ново возило за пожарникарите во Пробиштип

 

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) во Пробиштип за првпат доби комплетно ново противпожарно возило.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов информираше дека средствата за возилото општината ги има обезбедено преку Бирото за рамномерен регионален развој при Министерство за локална самоуправа. Обезбедени се средства во висина од 6 милиони денари и дополнителни 12 милиони денари од сопствениот буџет за набавка на возилото.

-Со завршување на овој проект, ТППЕ Пробиштип е комплетирана во поглед на возниот парк потребен за покривање на територијата на нашата општина, вели Анастасов.

Тој додаде дека  општината за наредниот период изготвува  проект за изградба на нов објект за потребите на пожарната единица, и истиот би служел и како центар за обука на пожарникари од овој регион.

15.06.2022 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега