Ново ужасно откритие: Коронавирусот предизвикува Паркинсова болест?

Три различни научни студии дошле до истиот заклучок дека лица кои се заразиле со коронавирус, развиле симптоми на Паркинсонова болест непосредно по инфекцијата.

Неодамнешното истражување на израелски научници, објавено во престижното медицинско списание „Лансет“, потсетува дека одамна е познато дека Паркинсонова болест или паркинсонизам може да се развие по инфекции со вируси како што се грип А, вирусот Епштајн-Бар (причина за инфективна мононуклеоза или „болест на бакнежот“), варичела зостер (причина за сипаници и херпес зостер), вирус на хепатитис Ц, ХИВ, вирус на јапонски енцефалитис или западно-нилски вирус, но од оваа година и по инфекција со Ковид-19.

„Пријавивме пациент (45) со веројатна Паркинсонова болест, кој беше дијагностициран по тешка инфекција со акутен респираторен синдром со коронавирус (САРС-КоВ-2)“, се наведува во заедничката студија на тим научници од медицинскиот центар „Шаре Зедек“ во Ерусалим и компанијата Сентојин, глобален лидер во раната дијагноза на пациенти со ретки болести.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега