Close Menu
    Најново

    Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5

    30.12.2025 во 23:21

    Запалено игралиште за баскет во Радишани

    30.12.2025 во 23:05

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
    • Запалено игралиште за баскет во Радишани
    • По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
    • Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Ново истражување: Јадењето повеќе овошје може да ги заштити белите дробови од загадување

    Ново истражување: Јадењето повеќе овошје може да ги заштити белите дробови од загадување

    01.10.2025 во 09:51
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Познато е дека загадувањето на воздухот е лошо за здравјето, особено за белите дробови. Така, ново истражување посочува дека јадењето повеќе овошје може да помогне во ублажување на некои од тие штетни влијанија, според испитувањата – барем кај жените.

    Наодите се претставени на Конгресот на Европското респираторно друштво во Амстердам, Холандија, од Пимпика Кеусри, докторантка на Центарот за здравје на животната средина и одржливост на Универзитетот во Лестер, Велика Британија. Кеусри објаснува дека повеќе од 90 отсто од луѓето ширум светот дишат воздух што ги надминува безбедните нивоа на загадување утврдени од Светската здравствена организација. Исхраната богата со овошје и зеленчук, од друга страна, се потврди оти е поврзана со подобро здравје на белите дробови.

    Нејзиниот тим користеле податоци од „Британската биобанка“ (UK Biobank), којашто содржи здравствени информации за околу половина милион луѓе. Истражувачите се сосредоточиле на 200.000 учесници, испитувајќи ја нивната исхрана, како и потрошувачката на овошје, зеленчук и интегрални житарки, заедно со мерења на функцијата на белите дробови и нивната изложеност на штетните ПМ-2.5 честички.

    Тие честички биле поврзани со намалена функција на белите дробови кај сите учесници, но ефектот бил помалку изразен кај жените кои јадат најмалку 4 порции овошје дневно, според наводите.

    Кеусри верува дека антиоксидансите и антиинфламаторните соединенија во овошјето можат да помогнат во неутрализирањето на оксидативниот стрес и воспалението предизвикано од загаден воздух. Интересно е што заштитниот ефект бил забележан само кај жените – веројатно затоа што тие генерално јадат повеќе овошје од мажите.

    Како и да е, научниот труд потврди оти здравата исхрана е поврзана со подобра функција на белите дробови и кај мажите и кај жените, без оглед на нивото на изложеност на загадувањето.

    Проф. Сара Де Матеис од италијанскиот Универзитет на Торино смета дека наодите ги надополнуваат доказите за придобивките од исхраната заснована на растенија и плодови.

    Ова истражување посочува дека иако не може сами да го избегнеме загадувањето на воздухот, вклучувањето повеќе свежо овошје во нашата дневна исхрана може да биде мал, но значаен начин да ги заштитиме нашите бели дробови. Сепак, се нагласува дека подобрувањето на исхраната кај поединецот не треба да ја замени решителната владина акција за намалување на загадувањето на воздухот, бидејќи не постои безбедно ниво на изложеност. 

    Популарно

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас

    30.12.2025 во 21:53

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.