Новиот „трик'' на сопствениците на кафулињата ја разбесни јавноста во регионот – дали би го платиле овошјето на чашата

По посетувањето на некое кафуле најважно треба да ни биде да добиеме фискална сметка, но освен тоа важно е да видиме што пишува на истата.

Некои сопственици на кафулињата во регионов очигледно наоѓаат начини како дополнително да заработат.

Едно од тамошните кафулиња, верувале или не, го наплаќа и овошјето кое што оди како прилог на чашата од пијалакот кој што сте го нарачале.

Информацијата била објавена на социјалните мрежи, со приложената фискална сметка на која што може да се забележи и овошјето во една од ставките за наплаќање.

„Доколку овие денови патот ве носи во Обреновац, па сакате да се освежите во еден од популарните локали во центарот на градот, бидете подготвени парче портокал кое што оди како прилог да ви биде наплатено.

Иако таа ставка ја нема на официјалното мени, сепак ја има на фискалната сметка, па доколку навистина сакате цитрусните овошја да бидат во вашата чаша тогаш не треба да ве чуди што на крај ќе имате дополнителен трошок за тоа големо задоволство“ – се наведува во објавата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2020 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега