Новиот потег на Меган и Хари ќе му нанесе најголема штета на кралското семејство досега

Книгата за животот на Меган Маркл и принцот Хари по напуштањето на кралските должности наскоро да биде издадена, а како што јавуваат странските медиуми, кралското семејство најмногу се плаши од тоа.

Наводно, книгата „Пронаоѓајќи ја слободата“ содржи одредено лошо обвинение за идниот крал, принцот Вилијам, кое би можело да му наштети на угледот.

Исто така, се шпекулира дека книгата генерално ќе може да нанесе огромна штета на кралското семејство, поголема од интервјуто на принцезата Дијана во тоа време.

Од друга страна, книгата има за цел да ги претстави Меган и Хари во најдобро можно светло, така што сите други членови на семејството во Велика Британија, најверојатно, се на удар, како што е и Вилијам.

Покрај нивната романса од почетоците, книгата ќе содржи и некои непознати детали, како и нивната страна од приказната зошто одлучиле да го напуштат кралското семејство.

Првично се планирало книгата да излезе кон крајот на јуни, но пандемијата ги одложила плановите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа