Новиот Кривичен законик е поднесен во Собранието, брифираат собраниски извори за Press24.
Предлог-законот сѐ уште не е објавен од страна на Законодавниот дом, но тоа се очекува да биде во најскоро време. Според наши информации, пратениците првично правеле и консултации со Уставниот суд, со оглед на тоа што новиот Закон доаѓа откако Уставен му наложи на Собранието во рок од шест месеци да ги смени спорните одредби.
Претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски тогаш кажа дека законот направил непоправлива штета за правната држава. На 6 септември 2023 година, Собранието ги донесе измените на Кривичниот законик, кои предизвикаа лавина реакции, особено што со измените беа намалени казните за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување. Иницијативата беше поднесена од претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов. Во неа се наведува дека оспорените законски измени се спротивни на владеењето на правото, заштитата на правото на сопственост и еднаквоста која ја промовира Уставот.
Актуелно
- Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
- Семејна драма во живо: Вучиќ инсистираше на детали, жена низ солзи му призна на детето дека му е тетка
- СДСМ прашува: Кој од МВР дозволи пет тони дрога слободно да се превезуваат низ Македонија и да ја поминат границата?
- Новите американски царини предизвикаа раздвижување во Азија: Хонгконг оптимист, Тајван на штрек
- Мицкоски: Македонија е жртва на европски булинг, ЕУ разгледува поделба на земји од „прва и втора лига“
- ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштвото на судијата Катевеновски докажува како СДСМ и ДУИ монтирале политички случаи
- ОЈО Струга забрани ископ: Фатени машини на две фирми кои ги загадија изворите кај Шум
- СДСМ: Парите од владиниот луксуз да се пренаменат за повисоки плати на работниците


