Нови судири во Црна Гора: Демонстрантите фрлаа молотови коктели, петарди и шишиња, полицијата одговори со солзавец
Конфликти во Црна Гора во пресрет на устоличувањето на митрополитот црногорски-приморски Јоаникије
Најмалку четири лица беа повредени кога група демонстранти, кои се противат на устоличувањето, утрово неколку пати ја нападнаа полицијата на Цетиње.
Според првите информации, сите се полесно повредени и пуштени се на домашно лекување.
Летаа молотови коктели, петарди, шишиња, а полицијата на нападите одговори со солзавец. Според српските медиуми, во Подгорица се забележани помали инциденти кај автобусот што треба да пренесе дел од свештенството до Цетиње.
Дел од свештенството тргна кон Цетиње, но набрзо се вратија во Подгорица.
Од вчера попладне, сите патишта кон Цетиње се блокирани, а како што пренесува „Вијести“, полицијата им даде рок на демонстрантите на барикадите да се разотидат.
Topovski udari, suzavac na glavnom Trgu ispred manastira na Cetinju. Okupljeno nekoliko desetaka prosvjednika i jake policijske snage. @novabhtv @N1infoSA #Cetinje #CrnaGora pic.twitter.com/GRGn8LwCzj
— Vlado Maric (@vl_maric) September 5, 2021
Демонстрантите одговорија со навреди и пцовки.
На Цетиње е полно со полиција, која се обидува да ги спречи демонстрантите да се приближат до манастирот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа