Нови снимки на кои се слуша гласот на Мицкоски (ВИДЕО)

На последниот ден пред изборниот молк на платформата „Јутјуб“ се појавија нови снимки на кои се слуша гласот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според напишаното на самите видеа, тој имал тајна средба со осутемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа исклучени од партијата.

Двете видеа објавени на каналот „Обнова на режимот“ се многу кратки, по 37, односно 27 секунди.

Во првиот разговор, Мицкоски зборува за активностите велејќи дека Законот за јавно обвинителство е најважно.

-Понатаму, третата активност која што е не помалку важна, можеби најважна е Законот за јавно обвинителство. На комплетно легален начин ги префрлија предметите таму каде што ги префрлија и тоа за нив беше силно доволно за да продолжат политичките притисоци, уцени, закани за политичките неистомисленици. И тие немаат желба понатаму да има решение по закон, иако фингираат преговори пред меѓународната заедница и пред нас и така натаму, вели Мицкоски.

 

Во втората снимка Мицкоки вели дека барал од општинските комитети на партијата да не ги напаѓаат осумтенима пратеници.

-Јас во изминатиот период како претседател на ВМРО-ДПМНЕ неколку пати ја поминав Македонија вклучувајќи ги и претседателските избори, ниту еднаш не ми ја спомнаа..., а во општинските комитети секаде, без исклучок, претпоставувам Ви пренесуваат, да барав да не бидете наоѓани, вели Мицкоски.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2020 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа