Close Menu
Press24
    Најново

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови правила за наградните игри на интернет – Измените на сила од 14 јули

    Нови правила за наградните игри на интернет – Измените на сила од 14 јули

    09.07.2026 во 10:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од 14 јули започнува примената на новиот Закон за игри на среќа и за забавни игри, со кој за првпат се воведува регулирана рамка за организирање подарувања (giveaway).

    Со новите правила, организаторите ќе мора да обезбедат дозвола за приредување на вакви игри, да ги објават правилата и резултатите, како и да ги почитуваат утврдените рокови и услови.

    Од Министерството за финансии информираат дека целта е воспоставување јасни обврски за организаторите, поголема транспарентност и поголема правна сигурност за учесниците.

    „Согласно новото законско решение, за приредување giveaway задолжително ќе се издава дозвола, која се добива по поднесување барање до Министерството за финансии најдоцна 30 дена пред денот определен за започнување на играта“, посочуваат од Министерството.

    За добивање дозвола, организаторите ќе треба да достават соодветна документација, меѓу која правила на подарувањето, докази за потеклото на наградите, документација за регистрација, податоци за економско-финансиската состојба и доказ за платен надоместок.

    Новиот закон предвидува и плаќање надоместок за приредување на играта во висина од 18 проценти од вкупната вредност на наградниот фонд. Надоместокот треба да биде уплатен пред почетокот на играта, во рок од три дена од добивањето на дозволата.

    Дополнително, правилата на играта ќе мора јавно да бидат објавени пред започнување на giveaway-от, а резултатите и добитниците најдоцна три дена по извлекувањето или определувањето на наградите.

    „Правилата задолжително треба да содржат податоци за организаторот, производите или услугите што се рекламираат, условите за учество, времетраењето на играта, начинот на извлекување и определување на добитниците, вредноста на наградите, начинот на нивно доделување и постапката за приговор“, наведуваат од Министерството за финансии.

    Со законските измени се дефинира и самиот поим giveaway – игра на среќа во која учеството се остварува преку активности како лајкување, тагнување, споделување или објавување содржини, а се организира за промоција на производи или услуги преку интернет, мобилни уреди или други платформи.

    Од Министерството додаваат дека со новата регулатива се воспоставува единствен систем за овие активности, со јасни правила и поголема заштита за учесниците.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.