Нови правила во Сплит: Казни од 150 евра ако низ градот се шета по костими за капење

 

На почетокот на годинава во Сплит стапи на сила новата одлука за комунален ред со која се пропишани повисоки казни за прекршителите, па може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците, бидејќи доколку се „фатени“ по комунален ред, ќе им следува казна од 150 евра.

Истата казна е пропишана и за оние кои пијат алкохол на јавни места, а казната за шетање куче без поводник е согласно одлуката за условите и начинот на чување миленици и изнесува 66,36 евра за физичко лице, пренесува Хина.


Жителите на Сплит и нивните гости на улиците ќе ги надгледуваат над 20 комунални чувари, а уште 12 ќе чекаат во зградата на градската управа.

Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за комунален ред, а минатата година првите туристи кои биле фатени со костими за капење платиле казни од 1.000 куни на комуналните редари.

Новата сплитска одлука за комунален ред е донесена на последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапи на сила на почетокот на оваа година.

29.01.2023 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега