Марија Кепиќ (29) од Аранѓеловац, која се водела како исчезната од 29 октомври 2020 година, починала токму во периодот кога било пријавено нејзиното исчезнување. Според информациите до кои дошол „Блиц“, таа починала во стан додека била со својот тогашен партнер.
Наместо да повика брза помош или надлежни служби, партнерот се исплашил и донел шокантна одлука.
„Од страв, го завиткал нејзиното тело во ќебе и го однел на непристапно место во близина на пештерата Рисовача. Само тој знаел што се случило“, открива извор од истрагата.
Полицијата во Крагуевац во изминатите речиси шест години темелно трагаше по исчезнатата девојка, користејќи кучиња трагачи, анализирајќи базни станици и соработувајќи со странски служби, се додека нејзините останки не беа пронајдени во мај. Форензичката анализа потврди дека станува збор за Марија, а на коските немало фрактури или траги од насилна смрт. Сепак, останките се испратени на дополнително вештачење за да се утврди точната причина за смртта.


