Нови детали: Двајцата млади битолчани кои починаа од коронавирус во болница биле донесени во тешка состојба

Двајцата пациенти на 38 и 39 години кои вчера починаа од ковид-19 на Клиничката болница во Битола биле донесени во многу тешка здравствена состојба, соопштија од Министерството за здравство, пренесува СДК.мк.

„Триесет и деветгодишниот пациент 12 дена се лекувал сам дома и имал екстремно ниска сатурација од 38 проценти. Откако бил хоспитализиран, веднаш бил ставен на кислородна терапија, а му била давана и интензивна терапија по протокол, но болеста прогресирала. Пациентот немал коморбидитети“, соопштија од Министерството.

И 38-годишниот пациент, кој имал хипергликемија, исто бил хоспитализиран во тешка состојба, со ниска сатурација од 61% и масивна бронхопневмонија. И тој бил ставен на кислородна поддршка.

Тие беа меѓу шесте лица од Битола кои вчера починаа од ковид-19. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега