Од полноќ во Македонија на сила се новите цени на бензинот и дизелот. Според последната одлука на РКЕ, цената на дизелот се зголеми за 1 денар по литар и од полноќ се продава за 99,5 денари. Бензините поевтинија за 2 денари и тие од полноќ се точат за 91, односно 93 денари за литар.


Во вчерашната одлука на РКЕ применет е намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Во моментов дизелот има највисока цена во последните 3,5 години. Последен пат поскап дизел сме имале на почетокот на ноември 2022та додека неговата највисока цена во историјата е регистрирана пред 4 години кога се продаваше и за 111 денари по литар.

Во истиот период најскапо се продаваше и бензинот кој тогаш се точеше за 110 денари.

Владата за оваа недела најави нова анализа на цените по што ќе се носи одлука за евентуално воведување на мерки.

Exit mobile version