Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга заразени со коронавирус

 

Светската тенисерска ѕвезда Новак Ѓоковиќ не остана имун на најновиот коронавирус кој беснее во светот и неговиот тест покажал дека тој е позитивен.

Ѓоковиќ беше организатор на „Адрија Тур“, турнир кој започна во Србија, а продолжи во Хрватска, но беше прекинат откако неколку од тенисерите беа позитивни на вирусот Ковид-19.

Ноле беше во блиска врска со сите учесници, играше натпревари, беше во дискотека и слично, па позитивниот тест е очекуван.

Позитивна на Ковид-19 е и неговата сопруга Јелена. Од учесниците на „Адрија Тур“, покрај Новак Ѓоковиќ, коронавирус потврдија Борна Чориќ, Григор Димитров и Виктор Троицки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега