Close Menu
Press24
    Најново

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нова технологија на скопскиот аеродром: Патниците повеќе нема да ги вадат лаптопите и течностите од багажот

    Нова технологија на скопскиот аеродром: Патниците повеќе нема да ги вадат лаптопите и течностите од багажот

    01.07.2026 во 12:082 Mins Read
    ФОТО: ТАВ Македонија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со инвестиција од еден милион евра, Меѓународниот аеродром Скопје ја надгради безбедносната контрола преку воведување на два нови уреди со компјутерска томографија за проверка на рачен багаж и две автоматизирани ленти. Новата опрема е набавена од британската компанија „Smiths Detection“ и од денеска е официјално пуштена во функција.

    Новите системи обезбедуваат поголема прецизност при детекција на потенцијални закани, со што значително се намалува потребата од дополнителни физички проверки на багажот.

    За патниците ова значи побрза контрола и пократко време на чекање во редовите, бидејќи лаптопите, таблетите и течностите повеќе нема да мора да се вадат од торбите при процесот на скенирање.

    Генералниот директор на аеродромскиот оператор ТАВ Македонија, Неџат Курт, на прес-конференција ги образложи техничките придобивки од оваа опрема.

    „Се овозможува и поголем капацитет на аеродромот, односно со новата технологија ќе се обработат до двојно повеќе патници на час по линија. Ова е клучно за справување со растечкиот сообраќај, особено во шпицот на сезоната“

    Според него, со оваа модернизација скопскиот аеродром се позиционира покрај големите европски и светски центри каде овие системи веќе се стандард.

    Курт посочи дека овие уреди се дел од поширок инвестициски циклус, потсетувајќи дека минатата година биле имплементирани уште два безбедносни проекти вредни 1.930.000 евра.

    „Сите овие инвестиции имаат една цел. Да се унапредат безбедносните процедури, да се зголеми ефикасноста и да се подигне квалитетот на услугата за секој патник“

    Прочитај повеќе

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.