Нацрт-текстот на Стратегијата за образование 2026 – 2032 денеска беше претставен во Владата на валидациска работилница. Од денеска, нацрт-верзијата ќе биде поставена на националниот систем на прописи ЕНЕР, со што започнува широка јавна расправа за усвојување на финалниот документ.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека стратегијата е продолжување на реформите, со фокус на подобрување на квалитетот на образованието на сите нивоа.

Клучни точки на стратегијата:

  • Промена на програмите во предучилишна возраст.
  • Зајакнување на инклузијата во основно и средно образование.
  • Оптимизација на училишната мрежа, едносменска и целодневна настава.
  • Воведување нови формули за финансирање во локалните самоуправи.
  • Воведување технологија и вештачка интелигенција во системот.
  • Нова легислатива за подобрување на квалитетот и „покачување на нашите универзитети на Шангајската листа“.

Јаневска повика целата јавност да се вклучи во дебатата за да се креира поквалитетен стратешки документ.

Exit mobile version