Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојува во Општина Гевгелија, каде фокусот е ставен на капиталните инвестиции во локалната инфраструктура и образованието.

Главниот настан е свеченото пуштање во употреба на новата градинка „Сончогледи“, проект вреден 56 милиони денари. Покрај ова, Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на Старата градска чаршија, за што се издвоени над 40 милиони денари. Агендата вклучува и посета на локацијата за новиот парк, кој се протега на површина од 3.150 метри квадратни.

Exit mobile version