Close Menu
Press24
    Најново

    Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено

    04.08.2026 во 09:41

    Партиска пресметка за водата во Гостивар: ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче

    04.08.2026 во 09:29

    Метео предупредување, пекол низ цела Македонија – Ова се препораки за горештините

    04.08.2026 во 09:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено
    • Партиска пресметка за водата во Гостивар: ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче
    • Метео предупредување, пекол низ цела Македонија – Ова се препораки за горештините
    • Пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот кај Кавадарци – Повеќе екипи на два правци го гаснат огнот
    • Гореше низ цела Македонија – 29 пожари на отворено, два активни
    • Несреќа за празникот во Македонија: Тешко повредено деветгодишно дете
    • СДСМ бара одговорност од Мицкоски: Владата сè уште нема доказ дека водата во Гостивар е исправна
    • По продолжениот викенд, наскоро уште еден – Следуваат три дена одмор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нова ескалација во Персискиот Залив: Американски проектили повторно го погодија иранскиот остров Кешм

    Нова ескалација во Персискиот Залив: Американски проектили повторно го погодија иранскиот остров Кешм

    14.07.2026 во 21:491 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нов бран американски воздушни напади попладнево ја потресе стратешката зона на Ормускиот Теснец. Иранските медиуми јавуваат за силни детонации на островот Кешм, со што дополнително се разгоруваат воените тензии меѓу Вашингтон и Техеран во овој дел од светот.

    Како што пренесува локалната новинска агенција Фарс, мета на ракетирањето била конкретна област на воено-стратешкиот остров. Иранските власти го обвинуваат Вашингтон за серија координирани напади врз нивна територија кои се интензивираа во изминатите денови.

    „Фарс наведе дека областа Масан на островот Кешм изминатите денови беше неколку пати нападната од американскиот непријател.“

    Паралелно со детонациите во близина на Ормускиот Теснец, пријавени се сериозни воздушни удари и во други делови од земјата. Официјалните медиуми во Техеран алармираат дека проектилите ја погодиле и покраината каде што е сместен нивниот клучен нуклеарен капацитет, обвинувајќи ги САД за директно уривање на претходно постигнатите договори.

    „Претходно, државната Иранска новинска агенција (ИРНА) јави дека проектили погодиле четири локации во градот Бушер, со што „продолжува кршењето на примирјето од страна на американскиот непријател“.“

    Во покраината Бушер е лоцирана единствената активна иранска нуклеарна електрана. Нападот врз градот Бушер уследи по експлозиите во пристанишниот град Бандар Абас и во Џогатаи.

    Прочитај повеќе

    Внимателно зад воланот во Грција: Полицијата казнува и „кочење“ на сообраќајот

    03.08.2026 во 13:24

    Татко и две деца загинаа во пожар во куќа во Загорје, соседите претходно слушнале истрели

    01.08.2026 во 13:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.