Нов земјотрес ја погоди Хрватска: Потресот бил почувствуван и во Загреб

Нов земјотрес ја стресе Хрватска утрово во 05,44 часот, во областа Глина.

Хрватската сеизмолошка служба објави дека епицентарот на земјотресот бил на 10 километри северо-источно од Глина, во близина на Глинска Полјана.

Јачината на земјотресот била 3,8 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил на 5-ти степен од скалата ЕМС, соопшти Сеизмолошката служба.

ЕМСЦ објави дека бил со јачина 3,9 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил почувствуван и во Загреб, објавија читателите на порталот Индекс.хр.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2021 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега