74-годишен жител на Виница пријавил дека бил физички нападнат од својот 51-годишен син.
Според информациите, на 15 септември во 21 часот во ОВР Виница било пријавено дека нападот се случил во семејниот дом.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.


