59-годишен жител на Велес бил лишен од слобода откако во дворот запалил сува трева и отпаден шут, при што предизвикал пожар.
Според информациите од полицијата, настанот се случил на 16 септември околу 13:10 часот во Велес. Огнот се проширил кон блискиот рид и зафатил сува трева.
Во пожарот нема повредени лица, а бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес.
За случајот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.


