Во вчерашното издание во емисијата ,,Анализа“ на телевизија 24, гостуваше Ружица Николовска, член на правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ и во реплика на Ленче Ристоска се осврна на начинот на кој функционирало СЈО, неговото постапување во текот на истрагите и односот кон осомничените. Николовска потсети и на постапувањето во предметите поврзани со корупција.

,,Вие секојдневно излегувавте на јавни пресови и објавувавте кривични пријави, попезно, спектакуларно, и сега ми кажувате да ја прашам Катица Јанева. Знаете како изгледаа претреси кај осомничените, како да се апсеа терористи од највисок можен ризик. Доаѓате на сослушување и вас ви се смешка обвинителот. Во покана не пишувавте во кое својство го повикувате лицето. Вие бевте дел од тоа СЈО“, рече Николовска.

Според неа, СЈО е пример за селективна правда, а посочи и на поврзаноста на Ристоска со Катица Јанева, и и постави прашање колку предмети за политичка корупција биле успешно решени.

,,Вие зборувате за транспарентност, за високи корупции, а не сакате да признаете како постапувавте. СЈО е најголемиот неправен парадокс. Вие бевте како институција и ја имавте Катица Јанева на чело. Сите зборуваат дека вие бевте десна рака на Катица Јанева. Освен селективната правда, да не речам целосна неправда, што ја испорачавте, апсолутно ништо друго не се испорача, ниту еден успех“, посочи Николовска и додаде:

,,Постапувањето на СЈО е резултат сите овие работи. Катица и вие бевте едно исто, за која корупција зборувате? Колку предмети решивте за политичка корупција?“.

Exit mobile version