На 16.09.2026 околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Студеничани, скопско, во двор од куќа, сопственост на А.С.(56), дошол Х.Б.(35) од с.Студеничани и ја земал вап-машината за да го измие возилото, при што паднал, најверојатно од струен удар.

-Со возило на Итна медицинска помош, Х.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал, информира МВР.

Лекар констатирал смрт, а по насоки од јавен обвинител, телото на починатиот било предадено во судска медицина за обдукција.

Exit mobile version