Нов протокол за влез во Грција на граничниот премин „Евзони“, кој стартува од понеделник

До граничната служба на граничниот премин „Богородица“, од страна на грчката гранична служба од граничниот премин „Евзони“се добиени дополнителни информации за новиот протокол за влез во Грција на граничниот премин „Евзони“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Почнувајќи од понеделник 17.08.2020 до понеделник 31.08.2020часот, на граничниот премин „Евзони“, само во периодот од 06.00 до 22.00 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само државјани на Република Грција, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, EULEX-дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински и бизнис причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување од Aмбасадата на Република Грција во странство, како и возачи на товарни возила. Сите овие лица за да остварат влез во Грција на преминот „Евзони“ потребно е да приложат негативен PCR тест за Ковид-19 од сертифицирана лабораторија на англиски јазик, не постар од 72 часа, се вели во дописот од полицијата.

 

Исто така, останува обврската за претходна електронска најава и добивање на PLF документ (Passenger Locator Form).

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2020 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа