Нов инцидент со паднато дрво врз минувачи во Скопје, две лица повредени

Вчера во 14.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Климент Охридски“ во Скопје, поради лошите временски услови паднало дрво и повредило двајца минувачи.

Според пријавеното, со тешки телесни повреди се здобила В.Л.(28) од Прилеп, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, а со телесни повреди се здобила А.А.(35) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

03.07.2024 - 15:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега