Носете си чадор: Облаци и дожд до вторник, а од среда следи промена

Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. УВ=6

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен.

И во вторник ќе се задржи променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Од среда следува стабилизирање на времето со пораст на температурите.

Макфакс

30.05.2021 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега