Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » НОМАГАС го потпиша Меморандумот за приклучување на Северна Македонија кон Вертикалниот коридор

    НОМАГАС го потпиша Меморандумот за приклучување на Северна Македонија кон Вертикалниот коридор

    04.09.2026 во 19:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Солун, 4 септември 2026 година – Извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама,
    денес во Солун го потпиша Меморандумот за разбирање за приклучување на Северна
    Македонија кон иницијативата „Вертикален коридор“, со што земјата станува дел од
    пошироката регионална соработка за поврзување на системите за пренос на природен гас во
    Југоисточна и Централна Европа.
    Со потпишувањето на Меморандумот, НОМАГАС се приклучува на операторите на системите
    за пренос на природен гас кои го развиваат Вертикалниот коридор – регионална иницијатива
    што ги поврзува гасните системи на Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Украина,
    Молдавија и Србија и создава поширока оска за пренос на природен гас во насока југ–север.
    Церемонијата на потпишување се одржа во The Met Hotel, во рамки на 10-тиот Southeast
    Europe Energy Forum (SEEF 2026), по министерската тркалезна маса „Security, Affordability and
    Competitiveness in a Changing Energy Landscape“. На тркалезната маса учествуваа Сања
    Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини на Република
    Северна Македонија, Stavros Papastavrou, министер за животна средина и енергетика на
    Грција, Iva Petrova, министерка за енергетика на Бугарија, Michael Damianos, министер за
    енергетика, трговија и индустрија на Кипар, и István-Lóránt Antal, сенатор и претседател на
    Комитетот за енергетика, енергетска инфраструктура и минерални суровини во Сенатот на
    Романија.
    „За Северна Македонија, приклучувањето кон Вертикалниот коридор ќе ја зајакне
    регионалната соработка, ќе поддржи подобра интеграција на нашиот национален систем
    за пренос на природен гас со пошироката европска мрежа, ќе ги диверзифицира рутите за
    снабдување со гас и ќе ја унапреди сигурноста на снабдувањето во регионот“, истакна
    Недим Рама, извршен директор на НОМАГАС АД Скопје.
    Меморандумот воспоставува рамка за координиран развој и работење на меѓусебно
    поврзаните системи за пренос, со фокус на подобро искористување на постојната
    инфраструктура, надминување на тесните грла, зголемување на капацитетите на
    интерконекциските точки и унапредување на можностите за двонасочен проток на природен
    гас. Соработката опфаќа и технички, регулаторни и комерцијални прашања, со цел
    Вертикалниот коридор да стане пофлексибилен, поконкурентен и поатрактивен за
    корисниците на мрежата.
    Приклучувањето на Северна Македонија ја засилува регионалната соработка во насока на
    поголема сигурност на снабдувањето, диверзификација на изворите и рутите за природен гас
    и подобра поврзаност на пазарите во Југоисточна и Централна Европа. Меморандумот

    создава рамка за натамошно поврзување на системите на земјите учеснички и развој на
    двонасочни текови на природен гас во насока југ–север.
    За спроведување на Меморандумот е предвиден Управувачки комитет составен од главните
    извршни директори на потписниците, како и Проектен тим што ќе ги спроведува
    договорените активности и, по потреба, ќе формира специјализирани работни групи за
    технички, комерцијални и регулаторни прашања. Новиот Меморандум го заменува
    Меморандумот од 19 јануари 2024 година и важи три години, со можност за автоматско
    продолжување за уште една година доколку ниту една страна не се спротивстави.
    Северна Македонија веќе реализира конкретни инфраструктурни чекори во насока на
    регионалното поврзување. Изградбата на гасниот интерконектор меѓу Северна Македонија и
    Грција е во тек, а се очекува проектот да биде завршен и пуштен во употреба во третиот
    квартал од 2027 година. Паралелно се напредува и со интерконекторот меѓу Северна
    Македонија и Србија.
    10-тиот Southeast Europe Energy Forum е организиран од American-Hellenic Chamber of
    Commerce и Hellenic Association for Energy Economics.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.