Ноќеска во 04:15 часот на автопатот ,,Пријателство“, во правец од Скопје кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово.
При вршење на мотопатролна дејност, полициските службеници запреле патничко возило „фиат браво“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршен преглед во возилото, било констатирано дека превезувал 4 лица-мигранти, двајца од Непал и по еден од Индија и Пакистан.
Н.С. е задржан во полициска станица, а мигрантите се пренесени во Транзитниот центар Табановце и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- Трајков: Поддршката на жените е инвестиција во иднината
- (ВИДЕО) Филмски грабеж во Италија: Маскирани напаѓачи со експлозија кренаа во воздух оклопно возило на автопат
- Метео предупредување за ноќеска и утре: Обилни врнежи од дожд во текот на ноќта, најкритично во југоисточна Македонија
- Божиновска: Не можеме да чекаме 57 години за родова еднаквост во енергетиката
- Средба Сали – Палминтери: Италија останува силен поддржувач на македонските евроинтеграции и реформи
- Кумот ја чекал Александра пред куќата на мајка ѝ и испукал три куршуми – Шокантни детали од истрагата во Ниш
- Израелски воени авиони пресретнале авион на компанијата Wizz Air
- МО: Шугата не потекнува од велешката касарна, досега се регистрирани четири лица


