Влегол на аеродром и ранил 11 лица - хорор го потресе светот
Фармер кој имал психички проблеми, со нож нападна и повреди 11 луѓе на меѓународниот аеродром во боливискиот главен град Ла Паз.
Осуммина од ранетите се хоспитлизирани, но се надвор од животна опасност. Една жена била подложена на операција поради убодни рани во стомакот, на друга и е повреден црниот дроб. Меѓу ранетите е и полицаецот кој го совладал напаѓачот.
Според податоците, напаѓачот е лице „со тешки ментални проблеми“. Инцидентот не траел малку повеќе од минута, по што напаѓачот е уапсен.
27.06.2014 - 09:51
Фото:
пулс24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа