Почна реализацијата на третиот пакет владини мерки
Од денеска почнуваат да важат мерките кои вчера беа донесени на владина седница, кои предвидуваат бесплатен железнички превоз за студентите и пензионерите.
Ова го истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев за време на неговото гостување во вестите на Сител телевизија.
- Од денска почнуваат да важат сите оние бенефити коишто ги промовираше премиерот, а коишто значат или бесплатен превоз во железничкиот сообраќај за определени групи на граѓани или пак попусти на картите за транспорт со железницата. Од денeска сите ученици и студенти доколку купат карта за железничкиот сообраќај на било која линија ќе добијат попуст од 50 отсто, истакна Ѓорѓиев.
Почнувајќи од следниот четврток, како што нагласи тој, сите студенти кои сакаат и имаат потреба да се возат со железницата тоа ќе можат да го сторат бесплатно, како и во секој нареден четврток.
- Додека пак вториот викенд од месец јули, односно деновите петок, сабота и недела ќе бидат бесплатни за превоз на сите повозрасни лица, односно жени над 62 и мажи над 64 години, додаде владиниот портпарол Ѓорѓиев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа