Славниот режисер ги подели милионите и се пресели во приколица!
Замислете да имате непрегледна вила и да вашите филмови заработуваат милијарди долари, а одеднаш сето тоа да го продадете и да се преселите во приколка. Токму тоа го направи Том Шадјак, холивудскиот режисер познат по филмовите „Ејс Вентура“, „Луцкастиот професор“ и „Семоќниот Брус“. Само за филмот „Лажго Лажго“, заработи околу пет милиони долари, а за „Семоќниот Брус“, повеќе од 30 милиони.
Тој во 2007 година, доживеа сообраќајка на велосипед, па стана пречувствителен на галама и светло. Таквата состојба траела шест месеци.
„Од време на време мислев на самоубиство. Беше катастрофа. Најлошата работа која некогаш можете да ја направите е да се осудите на самица, а токму така јас се чувствував“, вели Том.
Кога се опорави продал се, се откажа од работата и се занимаваше со документарецот „I AM“, и пишуваше за своето животно искуство.
„Не се откажав од се за да бидам среќен. Всушност не сум сигурен ни што е тоа среќа. Сепак откако се одреков од се почувствував повеќе задоволство“, вели Том дополнувајќи дека нема ништо лошо во тоа да се заработуваат пари, и дека никого не го осудува.
На крајот наведе три работи, кои според негово мислење, се клучни за промената на животот од криза до задоволство:
Врската со другите - клучно е да имате позитивни односи со луѓето во текот на животот.
Давање на другите - Што го пронајдете задоволството во својот живот, автоматски ќе почнете да помагате на другите околу себе.
Да сфатите дека сите сме поврзани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа