Вандали го оштетиле споменикот на жртвите од Тиквешкото востание во Кавадарци

Непознати лица го оштетиле споменикот на жртвите од Тиквешкото востание, извадиле и искршиле една од гранитните плочи, соопшти денеска директорот на Музеј галеријата во Кавадарци Петре Камчевски.

- Некои луѓе немаат почит кон историјата и кон жртвите на кои им го должиме тоа. Ова не беше карактеристично за Кавадарци, тоа се случуваше во другите градови. Но во последните неколку години вакви несовесни постапки се регистрираат и овде. Беше оштетен рељефот на споменикот на стреланите ваташки младинци, украдени бистите од неколку споменици, рече Камчевски кој најави санирање на оштетувањето.

Споменикот се наоѓа во кавадаречкиот парк Полана, а сведочи за пожртвуваноста на народот од овој крај кој пред 101 година се дигнал на востание за да ја извојува сопствената слобода. Дело е на ликовниот уметник, вајарот Кирил Мукаетов.

26.06.2014 - 16:05
Фото: 
dnevnik
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа