Груевски: 21 милион евра за обнова на уште два значајни патни правци

Наскоро ќе стартува реконструкцијата на два значајни патни правци во Велес, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Патниот правец Велес-Скопје, долг 24 километри, инвестиција од околу 6 милиони евра, ќе почне во втората половина на јули, а ќе заврши за една година.

- Тоа ќе биде целосна реконструкција на автопатот Велес-Скопје откако веќе заврши реконструкцијата на автопатот Скопје-Велес, рече Груевски.

Втората значајна реконструкција  е проширување на патот Велес-Кадрифаково, главна спојница со источна Македонија.

- Тоа е доста оптоварен пат зашто е главен влез за источна Македонија. Неговата прва фаза е завршена, втората е при крај и од август треба да започне третата фаза на потегот помеѓу Лозово и Кадрифаково. Оваа реконструкција со одредени проширувања ќе чини околу 15 милиони евра вкупно. Само оваа втора делница заедно со првата се околу 6, а со третата се околу 15 милиони евра, рече Груевски.

Ова, рече Груевски, е значајна инвестиција во патната инфраструктура која ќе ја користи цела Македонија, а посебно ќе значи за жителите на Велес кои секој ден се движат кон Скопје или кон источна Македонија.

26.06.2014 - 15:07
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа