СДСМ ја исклучи Роза од врвот на ЛДП

 

Социјалдемократите имале клучна улога во одлуката на највисокото партиско тело на ЛДП да ја исклучи Роза Топузова Каревска од партијата. Извори од Бихаќка потврдуваат дека по одлуката на Топузова Каревска, од најголемата опозициска партија веднаш го повикале Жерновски од кои побарале најитно, Каревска да биде исклучена од партијата.
Со оглед на тоа дека Статутот на ЛДП не дозволува исклучување членови од партијата, Жерновски не можел да одговори на барањето на Заев. 
Договорот бил веднаш да се реагира со соопштение во кое ќе се потенцира дека партијата е разочарана од Каревска. ЛДП тоа и го стори, испраќајќи соопштение дека потегот на Каревска е политичко самоубиство. Но опозицискиот лидер не бил задоовлен и побарал посилни мерки против Каревска, кои довеле до нејзино исклучување од партиското раководство. 
Целта на Заев и СДСМ била да се испрати порака дека секој кој ќе се реши да се врати во Собранието ќе се соочува со вистински линч од членството на партијата.
Тоа на своја кожа веќе го почувствуваа Солза Грчева и Љубица Буралиева кои веќе две недели се под неверојатен „терор“ на опозициската партија и нејзиното членство. Нивните профили на facebook се полни со навреди и закани.

За потсетување, Топузова Каревска со години беше во раководството на ЛДП. Кога Жерновски стана градоначлник, таа се вработи во општина Центар.

26.06.2014 - 12:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега