НМ: Што е тоа техничка влада ?!?

Ултимативното барање на СДСМ за формирање таканаречена техничка влада, по штотуку спроведени избори, која би спровела нови за нив фер и демократски избори, е политички преседан, досега непознат во меѓународната практика. Во светот се формирале технички влади, но на тоа најчесто му претходела некоја длабока причина, како оружен конфликт, длабока економска или должничка криза, воен удар, политички убиства и слично. Во Македонија во моментов нема ништо од сето тоа. Формирање техничка влада по завршени избори, според аналитичарите, е практично делегитимирање на изборните резултати и непочитување на волјата на граѓаните. Во такви околности се наметнува дилемата зошто ни се тогаш избори кога политичките лидери без согласност од граѓаните би се договарале меѓусебно и би ги делеле ресорите. 
Тоа е практично анахрон систем на племенско договарање, а не практикување функционална демократија каде што граѓаните, односно гласачите, го имаат последниот збор, пишува во анализата на Нова Македонија.

Целата анлиза можете да ја прочитате тука

26.06.2014 - 11:49
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа