СДСМ бара луѓе и „експерти“ за протести - на улица излегуваат штом се вратат од одмор

 

Улични простести и враќање на т.н. Отпор подготвува СДСМ, но по крајот на летото. Партиски извори велат дека во игра се сите форми на отпор доколку ВМРО-ДПМНЕ не попушти пред барањата за техничка Влада.
Според неофицијални информации, Заев од сопартијците барал да се подготви терен за организирање на протести, а особено ангажман се барал од скопските локални разграноци на партијата.  Истите извори велат дека во партијата се свесни дека по исклучувањето на Стевчо Јакимовски, под знак прашалник е дали протестите по улиците можат да траат повеќе од неколку денови, но во игра повторно влегуваат блокади на главните скопски раскрсници, за што Заев пресметал дека не требаат многу луѓе.
Во подготовки е и т.н. невладин сектор на СДСМ. Пакетот невладини организиации и т.н. „независни“ експерти веќе работат на стратегија за дејствување, односно се подготвува кадар кој би говрел на тие средби.
Во меѓувреме Дневник објавува дека опозицискиот лидер веќе почнал да се жали кај странските амбасадори дека нема начин да и се доближи на власта.

- Нема држава, се е партија. Не важат ни Уставот ни законите, само волјата и интересот на владејачката партија. Со криминално спроведените двојни избори беше загрозена слободата на избор на граѓаните на Република Македонија –  и рекол Заев на Kалстер, според соопштението на партијата.

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека имаат јасен став. Техничка влада не е опција особено по избори на кои граѓаните јавно ја искажаа својата волја. Според владејчката партија, секој потег на СДСМ го ценат граѓаните кои на секои избори го даваат својот глас според лична проценка. 

26.06.2014 - 10:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега