Каде ќе ви требаат - таму: од денеска стартува проектот „Мобилни полициски станици“
Mинистерката за внатрешни работи денеска ќе го промовира почетокот на новиот проект „Мобилни полициски станици“. Стартот на проектот ќе се одбележи пред ОУ „Кирил и Методиј“ во скопското село Стајковци.
Проектот е фокусиран на руралните населени места на подрачјето на Скопје.
На промовирањето на проектот ќе присуствуваат градоначалниците на Град Скопје, Петровец, Арачиново, Илинден и Гази Баба, Коце Трајановски, Борче Митевски, Ибраим Ајвази, Жика Стојановски и Тони Трајковски, како и претседателите на општинските совети.
26.06.2014 - 08:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа