Паѓаат каматите на "Купи куќа, купи стан"

Со измени на Законот за субвенционираните станбени кредити, каматата од 4,99% за првите три години од отплатата на кредитите од "Купи куќа, купи стан" се намалува на 3,95%, додека каматата од 5,5% за четвртата и петтата година паѓа на 4,44%, за моделот со субвенционирање на месечниот ануитет. Според премиерот Никола Груевски, со ова, за петте години отплата на кредит од 50.000 евра се заштедуваат 1.800 евра, додека во однос на комерцијалните кредити, заштедата е од 2.000 до 3.000 евра. Со претходната законска измена во февруари годинава субвенциониран кредит им се овозможи да добијат и на лица кои поседуваат половина од стан или куќа, а се покачи и прагот на дозволените месечни приходи од 900 на 1.200 евра. 
- Со најновите измени уште повеќе поволно се влијае за обезбедување услови за решавање на станбеното прашање на граѓаните, што од своја страна има придонес и за позитивно влијание на квалитетот на животот и на развојот на семејството - рече Груевски.

25.06.2014 - 23:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега