Психолог објасни: Еве зошто гризе Суарез
Невообичаеното однесување на репрезентативецот на Уругвај, Луис Суарез денеска за Би Би Си беше објаснето од страна на познатиот спортски психолог Том Фосет.
Фосет истакна дека Уругваецот во одредеи моменти се губи на теренот, особено кога е под голем психолошки притисок, а тоа е реакција на тешкото детство што го имал на улиците во Уругвај.
- Со оглед на тоа дека оваа постапка на Суарез се случила веќе во минатото, многу веројатно е дека може да се повтори. Тој помина неколку сеанси кај психолог откако го направи тоа во дуелот со Ивановиќ, но очигледно дека ниту тоа не му помогна да ја искорени својата навика, вели психологот.
-Во периодот кога се формира личноста, многу се важни факторите од надворешната средина. Ако се погледне малку подобро детството на Луис Суарез, станува јасно дека тој израснал во лоша средина и дека се борел за да преживее низ улиците на Уругвај, вели психологот на Суарез.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа