Русите ги менуваат западните чипови во платежните картички

 

Русија разви сопствен микрочип за платните картички, за кој верува дека ќе пружи поголема безбедност во однос на конкурентите кои користат Виза и Мастеркард.

Како што пишува „Комерсант“ чипот е развиен со Универзална електронска картичка „Sberbanke“, но сепак не е време за масовно производство.

„Потребни се уште години за да стигнеме до сериско производство, но и да се воспостави целосна инфраструктура“, велат соговорниците од „Komresanta“.

Русите во последно време најавуваат дистанцирање од доларот, а имаше и доста турбуленции во односите со Viza и Masterkard, и тоа од двете страни, пред се поради санкциите предизвикани од украинската криза, па овој потег е повеќе помалку очекуван.

Рускиот премиер Димитри Медведев изјави дека за Русија неопходно е да користи сопствена технологија и национален систем на плаќање за да и се гарантира безбедноста на податоците и исполнетоста на безбедносните услови.  

 

24.06.2014 - 15:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега