Стриптизети за крај на ергенскиот живот на Џорџ Клуни

 

Холивусдкиот заводник Џорџ Клуни конечно ќе стави крај на ергенскиот живот. Тој во септември ќе се венча со неговата девојка, адвокатката Амал Аламудин.

По тој повод, неговите пријатели му подготвуваат спектакуларно простување од ,,слободата“. Тие сметаат дека ергенската вечер мора да биде исполнета со стриптизети и многу алкохол, па така решиле журката да ја направат во еден стриптиз клуб во Санта Барбара. Иако оваа идеја на Клуни не му се допаѓа, сепак пријателите не ни помислуваат да ја откажат.

Клуни сака неговата свадба и ергенска вечер да поминат без присуство на новираните. За да нема големи и помпезни најави во јавноста, тој ги советува неговите најблиски да не ги откриваат деталите за свадбената церемонија.

24.06.2014 - 14:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега